Магазин 17. април 2019. / 17:16

Свештеник е исфрлен од служба затоа што неговата сопруга победила на Мис на сексуалност

Свештеник е исфрлен од служба затоа што неговата сопруга победила на Мис на сексуалност

Рускиот свештеник Сергеј Зотов е исфрлен од служба во Православната катедрала во Магнитигорск и префрлен во зафрлено село, откако неговата сопруга Оксана победила на натпреварот Мис на сексуалност.

На свештеникот му рекле дека неговата сопруга направила невиден скандал, а ќе се врати на служба во катедралата само доколку Оксана се покае за гревовите.

Зотов рекол дека сопругата знае каде згрешила , но атрактивната мисица не сака јавно да се покае и смета дека нема ништо лошо во изборите на убавина.