Магазин 21. август 2019. / 10:51

Судија им додели на две лица право на рекреативна употреба на кокаин

Судија им додели на две лица право на рекреативна употреба на кокаин

Мексикански судија им додели на две лица право на рекреативна употреба на кокаин, што е прва ваква одлука, се вели во соопштението на организацијата МОПК (Мексико обединето против криминалот) која стои зад овие случаи.

Судот соопшти дека ќе им овозможи на тужителите да „поседуваат, транспортираат и користат кокаин“, но не и да го продаваат. МОПК, кој има за цел да стави крај на „војната против дрогата“ во земјата, ја нарече пресудата „историски чекор“.

Мексико долго време се бореше со конфликтите со нарко-картелите, а илјадници убиства поврзани со дрога се пријавуваат во земјата секоја година. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој ја презеде функцијата во декември, вети „радикални“ промени во пристапот на земјата во борбата против дрогата.