Магазин 05. јануари 2019. / 13:25

Студениот бран во Македонија продолжува – температури до минус 16 степени

Студениот бран во Македонија продолжува – температури до минус 16 степени

 Студеното време со максимални дневни температури под или околу нулата продолжува и во наредните денови.

Утре и во понеделник претпладне ќе има локален слаб снег и ќе дува повремено засилен северозападен ветер.

Утринските температури во наредниот период ќе бидат многу ниски, особено на планините, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога температурата ќе падне 16 степени под нулата, а се очекува во поголем дел од земјава температурата ќе се спушти под -10 степени.

Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.