Магазин 24. април 2020. / 15:11

Студен туш од ЕХФ: Вардар испадна од ЛШ, a Македонија нема да игра на СП 2021!

Студен туш од ЕХФ: Вардар испадна од ЛШ, a Македонија нема да игра на СП 2021!

ЕХФ ги потврди лоши вести за македонскиот ракомет, Вардар без борба е елиминиран од Лигата на шампионите, додека македонската репрезентација нема да игра на СП 2021, по откажувањето на баражите за мундијалот во Египет.

Фајналфор турнирот од Лигата на шампионите беше презакажан за крајот на декември, а денеска беше објавено дека осминафиналните и четвртфиналните дуели се откажуваат. Ова значи дека ниту Вардар ниту Пик Сегед нема да бидат дел од настанот во „Ланксес Арена“ во Келн, каде ќе се пласираат двете најдобри екипи од групите А и Б, конкретно Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.

Што се однесува до баражите за СП 2021, во кои Македонија требаше да игра со Франција, истите се откажани, а патниците за мундијалот во Египет се именувани според пласманот на последниот европски шампионат (Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција), заедно со веќе пласираните Шпанија, Хрватска, Норвешка и Данска.