Магазин 07. март 2020. / 20:46

Стручниот штаб на Ајакс е заразен со коронавирус?

Стручниот штаб на Ајакс е заразен со коронавирус?

Според британски „Мирор“, Кристијан Поулсен моментно се наоѓа во изолација што предизвикало паника меѓу „копјаниците“.

Поранешниот дански фудбалер, наведува весникот, кој некогаш играше за Ливерпул и за Ајакс и сега е член на стручниот штаб на холандскиот тим, бил во контакт со лице заразено со новиот коронавирус.

Покрај Поулсен, во изолација се ставени и кондицискиот тренер Алесандро Шенмајкер и физиотерапевтот на клубот.