Магазин 15. јуни 2020. / 14:50

Стотици фудбалери побарале од ФИФА паричен надоместок поради пандемијата

Стотици фудбалери побарале од ФИФА паричен надоместок поради пандемијата

Поради пандемијата и големата пауза во првенствата, голем број фудбалски клубови беа принудени да прогласат стечај, но затоа, пак, фудбалерите од овие клубови ќе добијат помош од ФИФА.

Вкупно 441 фудбалер поднел барање за паричен надоместок до Светската фудбалска асоцијација. Тоа се играчи кои имаат заостанати плати, а нивните клубови банкротирале и не можат да ги затворат долговите, објави ФИФА на Твитер.

89% од апликантите се од клубови од Европа.

ФИФА ќе продолжи да прифаќа апликации преку Меѓународната федерација на Здружението на професионални фудбалери.

ФИФА и ФИФПро создадоа меѓународен фонд кој ќе одвои пари за играчи чии клубови банкротирале и не им исплатиле плати на фудбалерите. Почетокот на исплатите е на 1 јули.