Магазин 25. август 2020. / 15:50

Столе е во домашна изолација и се чувствува добро

Столе е во домашна изолација и се чувствува добро

Македонскиот ракометен шампион Вардар на претстојниот натпревар од осминафиналето во СЕХА лига против хрватски Нексе, ќе биде без капитенот Стојанче Стоилов кој е позитивен на коронавирус.

Стоиолов се чувствува добро и е во домашна изолација.

Дали покрај Стоилов и повредените бекови Ловро Јотиќ и Крстијан Дисингер, тренерот Стевче Алушовски нема да може да смета и на некој друг играч ќе се знае по добивањето на резултатите од тестовите на другите ракометари.

Натпреварот Вардар – Нексе е закажан за в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.