Пред РК Вардар претстои претпоследниот домашен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, против Мотор Запорожје в сабота (17.30), но токму во овој период атмосферата ја нарушија заминувањата на неколку ракометари и континуираната финансиска криза.
Не знаеме што ќе се случи и во иднина, може ова ќе биде еден од последните натпревари, не знае никој да каже. Наше е да се помачиме и да го одиграме најдоброто против Мотор. Никој не може да ги обвини играчите што си отидоа. Ние сме актуелен европски првак, а односот кон нас е смешен, дополни Стоилов.
Кога веќе се отвори излезната врата од „Јане Сандански“, Стоилов вели дека засега тоа не важи за него, тој останува, но…
Јас ќе останам сигурно, но многу работи има што не ги знаеме ние, што се важни за иднината на клубот. Треба да се седне и да се разговара. Многу работи висат, да бидеме реални неизвесно е и во македонското првенство, за титулата. Ќе видиме, заврши капитенот.