Магазин 12. јануари 2020. / 18:36

Стоилов: Се уште имаме шанси, но мора да даваме голови кога имаме шанса

Стоилов: Се уште имаме шанси, но мора да даваме голови кога имаме шанса

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското прнвество од Чешка со резултат 27-25.

По натпреварот, што ја става нашата репрезентација во многу незгодна ситуација пред дуелот со Австрија, Столе Стоилов порача дека се уште има шанси за продолжување понатаму, но за такво нешто треба да се покаже поголема прецизност и реализација на шансите

– Има уште еден натпревар, мора да го добиеме, имаме шанси. Денеска тие погодуваа, ние промашувавме. Треба да даваме голови кога имаме шанса – изјави Стоилов по натпреварот