Магазин 01. јуни 2019. / 22:05

Стинг го помести концертот во Скопје поради утрешното финале на Вардар

Стинг го помести концертот во Скопје поради утрешното финале на Вардар

Утре во 18 часот во Келн е завршницата на ракомтната ЛШ во која се пласираше Вардар, а потоа е концертот на Стинг на Градскиот стадион во Скопје.

Првпат во својата кариера, големиот британски музичар го помести почетокот на свој концерт поради разбирањето за еуфоријата која владее кај нас кога игра Вардар.

Вардар го игра финалето со Веспрем од 18 часот и музичкиот спектакл на Градскиот стадион првично требаше да стартува во 20 часот, но организаторот „Авалон продукција“ успеа да издејствува настапот на триото на Влатко Стефановски да почне во 20.30 часот, додека Стинг излегува на сцена во 22 часот, половина час подоцна од предвиденото.