Магазин 14. јануари 2019. / 13:38

Става ли Мареј крај на кариерата ?

Става ли Мареј крај на кариерата ?

Енди Мареј го одигра можеби последниот тениски меч во кариерата. Тој е елиминиран уште во првото коло на првиот годинашен грен-слем, Австралија Опен откако загуби на стартот од Шпанецот Роберто Баутиста-Агут во маратонски пет сета. Мареј се врати по негатива од два сета и беше на прагот на голем прсврт, но не издржа во решавачкиот сет кој Агут го доби со 6-2. Претходно, шпанскиот тенисер ги доби првите два сета со идентични 6/4. Мареј потоа беше подобар во третиот и во четвртиот сет, двата ги доби во тај-брејк.

Сосема спротивен прв меч во Мелбурн одигра Роџер Федерер кој одигра три сета во победата над Денис Истомин (6/3-6/3,6/4) и без проблеми обезбеди пласман во вторто коло. Во втората рунда се пласираше и Марин Чилиќ кој забележа стартна победа во три сета над Бернард Томич. Претходно и Рафаел Надал лесно го мина првото коло со триумфот над Австалиецот Дакфорд.