Магазин 29. февруари 2020. / 09:02

Стабилизицаја на времето: Ќе биде сончево со мала облачност

Стабилизицаја на времето: Ќе биде сончево со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура се движи од минус 9 степени до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе биде во интервал од 2 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура достигна до нула степени, а дневната ќе се движи до 11 Целзиусови степени.