Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина денес на 74 години од последици од коронавирусот. Бекјарев, како што известуваат српските медиуми, со коронавирусот се заразил минатиот месец, а пред десетина дена неговата здравствена состојба значително се влошила.
Последните недели тој бил хоспитализиран на инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека е позитивен на коронавирус додека снимал филм, по што веднаш го напуштил сетот.
Иван Бекјарев, најмногу познат по улогата на Курчубиќ во популарната тв-сериија „Подобар живот“.