Српскиот фудбалер Предраг Мениќанин почина како последица од срцев удар, пренесуваат белградските медиуми.
Дваесетгодишниот Мениќанин беше член на фудвалскиот клуб Обилиќ 1993 од Кукујевац.
Брзата помош реагирала, но и покрај укажаната лекарска помош, Мениќанин не преживеал.
Обилиќ 1993 е тим кој се натпреварува на Меѓуопштинската лига Срем – Запад.