Луѓето кои примиле две дози од вакцината против Кoвид-19 и развиле имунолошки одговор, во контакт со коронавирусот нема да се разболат, но можат да го пренесат вирусот, изјави денеска српскиот епидемиолог д-р Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.
Таа за ТВ К1 изјави дека токму затоа е важно да се носи маска и по вакцинацијата, со цел да се заштитат другите.
-Лицето кое е вакцинирано и има антитела, во контакт со коронавирусот, нема да се разболи или нема да има клинички манифестна форма на болеста. Извесно е дека ова лице ќе го носи вирусот во респираторниот тракт, носот, устата одредено време по инфекцијата. Нема да се разболи, но може да го пренесе вирусот. Носењето маски поради околината навистина има смисла, изјави Кисиќ-Тепавчевиќ, пренесува „Танјуг“.