Спортот на глобално ниво трпи огромни финансиски загуби поради пандемијата со новиот вирус кој го зафати светот. Се проценува дека само трошоците од одложувањето на Олимпијадата во Токио би можелe да надминат 10 милијарди евра.
Во случај на дефинитивно ставање крај на фудбалските натпреварувања за оваа сезона, англиската Премиер лига би изгубила најмногу – дури 1,2 милијарди евра во телевизиските права за пренос.
Следуваат шпанската Примера со 938 милиони, германската Бундес лига со 740 и италијанската Серија А со 641 милиони евра загуби. Проценката е откажувањето на трките во Формула 1 во моментов е во загуба од 107 милиони евра, а трката во Мото ГП е 40 милиони долари, пренесува германски Sportschau.
Кога станува збор за спортот на американскиот континент, МЛБ бејзбол-лигата би можела да изгуби дури 2,1 милијарди евра, фудбалската НФЛ лига 1,2 милијарди, НХЛ-хокеј натпреварите 986 милиони и НБА кошаркарската лига 916 милиони евра.
Пишувањата се дека најголемата НБА ѕвезда, Леброн Џејмс губи по 366.315 евра за секој откажан натпревар одигран во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.