Магазин 04. октомври 2020. / 16:01

Сподели светлина во спомен на изгубената еврејска заедница во Македонија

Сподели светлина во спомен на изгубената еврејска заедница во Македонија

Оваа година поради КОВИД – 19 не успеавме да го оддржиме Маршот на живите во Битола, но ние продолжуваме да ја раскажуваме приказната, овој пат на поинаков начин, велат организаторите на проектот. Носител на овој проект е Маја Суша во соработка со МНР на Израел и  Машав (Израелска агенција за меѓународна соработка).

Затоа, велат од таму, Ве покануваме да ни се приклучите и да ја запалите 8-тата свеќа за празникот Ханука, во спомен на 7144 Евреи од Македонија кои го загубија својот живот за време на холокаустот.

Во следниот период, па се’ до празникот Ханука, организациите и училиштата посветени на лицата со посебни потреби ќе креираат илјада менори за Ханука, како дел од МАШАВ проектот, кој имам чест да го водам како Машав Алумни, член на Еврејската заедница и Акта Нон Верба во соработка со Министерството за надворешни работи на Израел, израелското НВО „Наследството на еврејската заедница од Монастир“ и АРХАМ од Битола.

Ханукиите ќе се користат на 8-миот ден од празникот Ханука. Заедно, во спомен на жртвите од холокаустот, на последниот ден од празникот Ханука осум свеќи на 1000 менори ќе бидат осветлени, а уште многу повеќе во Израел и низ целиот свет. Сите ќе споделуваме слики и кратки видеа од осветлувањето на нашите ханукии. Ве охрабруваме да ни се приклучите и да ги споделите вашите слики и видеа на оваа страница:

https://rebrand.ly/monastir (наскоро ќе следат повеќе детали)

Многу организации и партнери се приклучуваат кон проектот „1000 Менори“ за да ја осветлат и раскажат трагичната приказна за минатото на македонската Еврејската заедница.

Дан Оријан, израелскиот амбасадор во Република С.  Македонија

Шели-Рејчел Леви Друмер, претседател на невладината организација “Наследство на Еврејската заедница во Битола Монастир”

Маја Суша, Лидер на проектот во Македонија, Акта Нон Верба.
Марија Герас Доцевска, АРХАМ