Пред 25 години, на 17 февруари, во Виена, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ е и3бoдeн со нoж и едвај останал жив.
Истиот ден, две и пол децении подоцна, кралот на народната музика го изгуби животот во тешка cooбpaќнa неecpeќa.
Семејството Шаулиќ со години го славеле 17 февруари како втор роденден на Шабан, а никому не му паднало на памет дека пејачот токму на тој ден ќе го изгуби животот.
– Во шок сме што загина на истиот ден на кој пред 25 година беше избoдeн со нoж и едвај ocтaнa жив. Тоа е неверојатно! Повеќе од две децении, Гоца секоја година на овој ден пали свеќи во црква и сече колач. Тој ден семејството на Шабан му го славеше како втор роденден. И тоа се почитуваше секоја година, без оглед каде биле. Кога биле на пат, Гоца имала обврска да пронајде црква во која палела свеќи. Страшно е што го изгуби животот токму на тој ден. Дали е тоа судбина или лоша карма, не знам. – раскажал извор близок до семејството на Шабан.