Магазин 09. јуни 2020. / 12:51

Сопругата на Коби Брајант бара отштета од 100 милиони долари

Сопругата на Коби Брајант бара отштета од 100 милиони долари

Сопругата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, ја тужи компанијата „Island Express Helicopters“, во чиј хеликоптер загинаа нејзиниот сопруг и нејзината ќерка Џиана.

Како што објави порталот „The Blast“, Ванеса сака правдата да ја истера на суд, сметајќи дека компанијата е одговорна за смртта на седумтемина патници во хеликоптерот кој се сруши пред 5 месеци.

Во тужбата таа обвинува дека одговорните не ги собрале сите податоци за времето на полетување и дека не го одложиле летот откако дознале за лошите временски услови и за густата магла.

Според медиумите, Ванеса наводно бара отштета од 100 милиони долари.

Поради смртта на Коби и на Џиана, Ванеса Брајант бара економска и неекономска отштета и други олеснувања кои судит ги смета за исправни“, наведено е во документите предадени во судот, пренесува порталот.

Освен Ванеса, приватни тужби подготвуваат и семејствата на останатите загинати патници во падот на хеликоптерот.