Магазин 09. февруари 2020. / 08:55

Сончево, студено и малку ветровито време

Сончево, студено и малку ветровито време

По студеното утро, времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер.

Утринската температура се движи од минус 12 до минус 4, а дневната од 4 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје утрото е студено, а преку денот ќе биде сончево со слаб јужен ветер.  Утринската температура се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а од вторник во северните и западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура до среда ќе биде во пораст.