Магазин 13. јули 2020. / 07:45

Сончево со засилен ветер

Сончево со засилен ветер

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Утринската температура се движи од 12 до 20, а дневната ќе биде во интервал од 23 до 31 степен Целзиусов.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до 16, а дневната ќе достигне 27 степени Целзиусови.

Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.