Магазин 28. октомври 2020. / 09:42

Сончево со утринска магла по котлините

Сончево со утринска магла по котлините

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде облачно, а по котлините и магливо. Попладне, пак, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура е во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена Целзиусови.

Во Скопје претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Минималната температура се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени Целзиусови.

Утре времето ќе биде посончево, а в петок и в сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава.

Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должина на Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.