Магазин 18. декември 2019. / 09:19

Сончево со умерена облачност, во котлините магла

Сончево со умерена облачност, во котлините магла

По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо, облачно и постудено. Во останатите подрачја сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Утринската температура се движи од минус еден до минус четири, а дневната температура од шест до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура достигна до нула степени, а дневната температура ќе се движи до шест Целзиусови степени.

До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.