Магазин 12. септември 2019. / 09:08

Сончево со умерен ветер, на запад дожд и грмежи

Сончево со умерен ветер, на запад дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 10 и 18, а дневната ќе достигне од 20 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Од петок времето ќе биде стабилно и суво, до недела со умерен до засилен ветер од северен правец.