Магазин 14. октомври 2019. / 10:27

Сончево со слаб ветер и температура до 30 степени

Сончево со слаб ветер и температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево и топло време, со температура до 29 степени.

Според метеоролозите, во следните денови продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури.