Магазин 11. септември 2020. / 10:54

Сончево со слаб до умерен ветер

Сончево со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 32 степена.

До викендот ќе се задржи претежно сончево и топло време, а од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.