Времето во земјава ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура се движи од минус еден до минус 10 Целзиусови степени, а дневната од четири до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура достигна до минус четири, а дневната до осум Целзиусови степени.
Во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег.
Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, во понеделник со засилен северен ветер.