Магазин 15. јануари 2020. / 09:09

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во земјава во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По котлините претпладне ќе се задржи облачно и магливо.

Утринската температура ќе се движи од  минус два до еден степен, а дневната температура ќе се движи од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до нула, а дневната температура до шест степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. До петок на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево и релативно топло време. Слаб до умерен северен ветер ќе има во четврток, а поветровито се очекува да биде од недела.