Магазин 17. јануари 2020. / 09:58

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе биде магливо и студено со ниска облачност.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а во местата со магла од -1 до 3 степени.

Во Скопје, умерено облачно и магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта условите за магла ќе се зголемат. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.