Магазин 15. ноември 2019. / 09:38

Сончево со локална облачност

Сончево со локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 11 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.   Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени Целзиусови.

До крајот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време. По котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.