Магазин 07. јануари 2020. / 09:23

Сончево, но студено време

Сончево, но студено време

Времето ќе биде сончево и студено. Претпладне долж Повардарието и во источните делови ветерот повремено ќе засилува, а попладне неговата брзина ќе се намалува.

Утринската температура се движи од минус 12 до минус 1 степен Целзиусов, а дневната ќе биде во дијапазон од минус 3 до 8 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со утринска температура до минус 7 степени, а дневна температура до 4 степени Целзиусови.