Магазин 14. јули 2020. / 09:14

Сончево и умерено облачно со температура до 29 степени Целзиусови

Сончево и умерено облачно со температура до 29 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура е во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени Целзиусови.

Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.