Магазин 30. март 2020. / 09:07

Сончево и топло со умерена облачност

Сончево и топло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност.

Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, а попладне, претежно во јужните делови, ќе има услови за слаб локален дожд, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени Целзисусови.

Во Скопје претпладне магливо, а во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер.

Максималната температура ќе достигне 17 степени Целзиусови.