Времето во целата земја денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 22, Охрид 26, Битола 30, Кавадарци 32, Берово 26, Крива Паланка 27, Дојран 33.
Прогнозата и за утре е сончево и топло со слаб северен ветер и дневни температури од 24 до 33 степени.