Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. УВ индексот ќе биде 8.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степен, максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени.
Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе опаднат.