Магазин 15. јули 2020. / 07:03

Сончево и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Сончево и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец.

Минималната температура се движи во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени Целзиусови.

УВ индексот ќе изнесува 9

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.