Магазин 25. февруари 2020. / 10:10

Сончево и топло до 19 степени

Сончево и топло до 19 степени

Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 14 степени.

Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен ветер во среда од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали