Магазин 25. јануари 2021. / 08:55

Социјална мрежа изгуби милиони корисници откако ги смени условите за користење

Социјална мрежа изгуби милиони корисници откако ги смени условите за користење

Многу лошо објаснетото ажурирање на условите за користење принуди милиони корисници на WhatsApp да се свртат кон алтернативни услуги за инстант пораки како што се Signal и Telegram.

Очигледно, напуштањето на оваа платформа беше толку големо што WhatsApp беше принуден да ја одложи имплементацијата на новите услови, закажана за 8 февруари. Идејата беше да се започне кампања за ограничување на штетата за да им се објасни на корисниците кои се промените што ги прават.

Во текот на првите три недели од јануари, услугата за пораки Signal доби 7,5 милиони нови корисници ширум светот, пишува Guardian, додека Telegram доби 25 милиони нови корисници.

Во двата случаи, се чини дека има зголемување на сметка на масовното напуштање на WhatsApp. Податоците што ги следи фирмата за аналитика App Annie покажуваат дека WhatsApp на 12 јануари падна од осмото на 23-то место на листатата најсимнувани апликации во Велика Британија. Спротивно на тоа, Signal на 6 јануари не беше ниту меѓу првите илјада најсимнувани апликации во Велика Британија, но до 9 јануари стана најсимнуваната апликација во земјата.

Нијам Свини, директорка за јавна политика на WhatsApp за Европа, Блискиот Исток и Африка, за Комитетот за внатрешни работи изјави дека смета дека егзодусот е поврзан со ажурирањето на условите за користење на услугите на компанијата. Тоа ажурирање, рече таа, требаше да направи две работи: да овозможи нов сет на функции околу деловните пораки и да пруѓи „разјаснување и обезбедување поголема транспарентност“ околу веќе постоечките политики на компанијата.