Организаторите на карневалот во Ландерно во Бретања се задоволни, бидејќи успеаја да го соборат светскиот рекорд за најголем собир на Штрумфови, јави дописникот на МИА.
Според пребројувањето, кое сè уште мора да биде потврдено од судски извршител, кој своите заклучоци ќе ги испрати до Гинисовата книга на рекорди, околу 3.500 лица преправени според многу строги критериуми како Штрумфови, Штрумфета или дури и Веле Штрумфот, одговориле на повикот.