Магазин 14. октомври 2019. / 19:00

Со премиерата „Бегалка“ кумановскиот театар ќе го затвори фестивалот „Денови на комедија“

Со премиерата „Бегалка“ кумановскиот театар ќе го затвори фестивалот „Денови на комедија“

Кумановскиот театар утревечер на завршувањето на манифестацијата „Денови на комедија“ премиерно ќе ја изведе престтавата „Бегалка“, од Васил Иљоски, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски рече дека преставата се игра после 30 години во чест на 500 години постоење на градот Куманово и е дел од програмата Куманово-град на културата. Идејата да се игра „Бегалка“ потекнува уште од минатата година.

– Од она што успеав да го видам, мислам дека ќе биде интересна магична претстава која ќе се игра долго во театар Куманово, изјави Тодоровски.

Режисерот Ризески, вели дека претставата е култна и оти сите ангажирани понудиле максимални напори во подготовка на преставата.

– Драго ми е што се работеше текст кој им е од значење на кумановци. Направивме една нова претстава, земајќи ги темите, концептите, принципите драматуршки од Васил Иљоски и тргнувајќи од вечните теми сработевме престава на која сме горди и можеме да уживаме во неа, изјави Ризески.

Актерката Владанка Димовска вели дека уживала во подготовка на преставата. Таа ја игра Ленче што за неа како кумановка е многу драг, но оваа Лечне е поинаква бегалка, но на крајот љубовта и добрината ќе победат.

Во Куманово, претставата се смета за култна. Новата „Бегалка“ отвара ново видување за смејени реалции, љубовни проблеми на ликовите. Во „Бегалка“ играат Тони Михајловски, Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска,Александра Михајловска, Нина Максимова, Антонио Димитриевски, Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ Мирослав Петковиќ, Љупчо Хаџи Стојанов и Мишо Димитријевски.

Драматург е Сашо Костовски, сценограф Крсто Богојевски, костимограв Кети Пауновска Стефковска, кореограф Дени Синадиновски и композитор Алмир Бајрамовски.