Магазин 26. август 2020. / 12:34

Со „Мед и кајмак“ почнуваат Филмски вечери во Куршумли-ан

Со „Мед и кајмак“ почнуваат Филмски вечери во Куршумли-ан

Во организација на Институтот Унуз Емре, утре ќе се реализира првата филмска проекција„Мед и Кајмак” (27 август, четврток)  со почеток во 20:00 часот, на која ќе гостува и режисерот Онур Тан, продуцентот Сертач Демирташ и актерката Сабина Тозија.

Влезот е бесплатен, а проекцијата на филмот Мед и Кајмак” е со превод на македонски јазик.

Мала девојка која верува во љубовта, ангелите и добрината и која помеѓу својот непослушен, намуртен и нервозен дедо кој со своите вредни пчели и огромното куче го произведува најубавиот мед во светот и својата инаетџија, нервозна и огорчена баба која со своите кози и јарци го произведува најубавиот кајмак на светоте е во потрага по топол дом за себе.  Малата девојка, изложена на напнатоста помеѓу нејзиниот дедо и баба, заедно со својот мал но бистар и вреден пријател Омер, ве одведуваат кон една нова приказна, една авантура која ќе ве врати на вашето детство.

Протокол за публика:

  • Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски;
  • Задолжителна дезинфекција на раце, на влез, за секој посетител;
  • Задолжително мерење на температура на влез, за секој посетител.