Новата сторија за Ана и Елза во „Снежното кралство 2“ за премиерниот викенд донесе добивка од 350 милиони долари, пишува Би-Би-Си.
Првиот дел од анимираниот филм, што во кината се појави во 2013 година, за првите пет дена од прикажувањето заработи едвај 93 милиони долари. Вкупната добивка, пак, на „Снежмото кралство“ достигна колосални 1,27 милијарди долари.
Според податоците на „Дизни“, „Снежното кралство 2“ поставило нов рекорд во нивните филмови. За жал, од компанијата одлучија филмот да не се номинира за годинениот „Оскар“.
Филмот е приказна за две сестри, Елза и Ана, и стана најгледан и најпрофитабилен цртан филм во историјата. „Снежното кралство 2“ најверојатно ќе го подобри и овој рекорд.