Магазин 20. август 2020. / 19:03

Следуваат високи температури и стабилизација, но по викендот доаѓа ново невреме

Следуваат високи температури и стабилизација, но по викендот доаѓа ново невреме

Денес уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места.

Од утре следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.

По викендот повторно ќе биде нестабилно.

 

 

Прогноза за 22.08.2020
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 29°С до 36°C
Сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. УВ=8

Прогноза за 23.08.2020
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. УВ=8

Прогноза за 24.08.2020
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ=8