Магазин 17. февруари 2021. / 12:07

Следува период на сончево и топло време

Следува период на сончево и топло време
фото: Каја Тасевска

Слаб снег во одредени делови од земјава се очекува уште вечерва и утре претпладне по што ќе следува период на повремено сончево и тивко време со пораст на дневните температури.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека повремено слаб снег ќе има во вечерните и во ноќните часови во северните и во источните делови од државата, како и утре претпладне во крајните североисточни делови.

Утринските температури уште во петок ќе бидат до -10 степени.

За време на викендот и во понеделник температурите преку ден насекаде ќе бидат над нула и ќе има услови за утринска магла по котлините.