Утре во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој во западните делови ќе достигнува брзина од 80км/час. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат и поројни.
Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и во местата над 600 м.н.в.
Под влијание на многу студен бран од север од вторник следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.