Австралиската пејачка „SIA“ позната по криењето на својот идентитет на сцена, сподели со своите фанови една вест на нејзиниот Твитер.
Таа напиша дека има Елерс- Данлосов синдром (ЕДС), ретка наследна болест која е карактеристична по претерана подвижност на зглобовите, претерана еластичност на кожата, кревкост на сите ткива, што може да предизвика силна болка во зглобовите и умор, пишува „Eonline.com“.
Ова признавање наиде на позитивни коментари од нејзините фанови кои ја споделиле нејзината порака.