Со француско-белгискиот филм, “Невозможна љубов“ (Un amour impossible – 2018) на 18. јули (сабота) со почеток во 21 часот стартува Кафе кино на Скопско лето во рамките на кое ќе бидат прикажани 11 атрактивни остварувања.
Инаку, романсата “Невозможна љубов“ во режија на Катерин Корсини, има 4 номинации за наградите Цезар, номинација за наградата од публиката на Филмскиот фестивал во Ротердам … Темата на филмот е соочување со предрасудите. Во доцните ’50-ти години од минатиот век во Франција, скромна службеничка запознава брилијантно момче од богато семејство. Нивната љубов резултира со ќеркичка, но момчето одвива да стапи во брак надвор од неговата класа…
Улогите ги толкуваат Виржини Ефира, Нилс Шнајдер, Џени Бет…
В недела (19. јули), пак, ќе може да се види јапонскиот филм “Мираи“. Оваа
анимирана авантура во режија на Мамору Хосода има номинации за Оскар и Златен глобус за најдобар анимиран филм, награда Ени за најдобар независен анимиран филм… Ова е приказна за семејството и животот, што ги поврзува минатото и иднината. Младо момче се среќава со магична градина што му овозможува да патува низ времето и да се сретне со своите роднини од различни епохи, водено од неговата помлада сестра од иднината.