Магазин 17. јуни 2020. / 09:36

„Скопско лето“ од први јули почнува со летно кино, концерти и изложби

„Скопско лето“ од први јули почнува со летно кино, концерти и изложби

Реномираната културна манифестација „Скопско лето“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, која годинава треба да го одржи своето 41. издание, поради пандемијата на коронавирусот наместо традиционално на 21 јуни, светскиот ден на музиката и првиот ден на летото, годинава ќе стартува на почетокот на јули.

Според директорот на Дирекцијата, Никола Глигоров, преговорите со уметниците и културните установи, како и подготовките на програмата се при крај, а деновиве информацијата ќе биде и јавно соопштена.

Она што дознаваме е дека и годинава ќе има летно кино, концерти и изложби… или околу 40 настани на повеќе отворени локации во градот и во културни објекти, но со целосно почитување на препораките за заштита на публиката.