Вечерва во рамките на фестивалот “Скопско лето, со почеток во 20.30 часот во Факултетот за ликовни уметности-Сули ан, Трио Џентлмен ќе оддржат свој целовечерен концерт насловен “Љубовна ноќ”. Како што веќе знаете и веруваме сте информирани, Трио Џентлмен е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.
Поп-класичнито пеење е веќе познат жанр низ светот, а триото е создадено по урнек на светски познати поп-класични состави кои веќе подолг период го изведуваат овој жанр на музика. Трио Џентлмен е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика. На нивниот репертоар се наоѓаат најголеми светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп композиции… и сето тоа изведено во поп-класичен манир.
За ова кратко време колку што постојат (околу 6 години) имаат настапувано со целовечерни концерти, свечени академии и друг тип на настани во повеќе градови во нашата држава, но и надвор од нашите граници. Кон крајот на тековната 2020 година, Трио Џентлмен подготвуваат два големи настапи. Концерт во Њујорк, Америка и во Москва, Русија на Црвениот плоштад на покана на Руската Федерација. Следат и бројни редовни целовечерни концерти и разновидни настани на радост на уживателите на нивното дело низ целата држава.