Магазин 11. март 2020. / 18:27

Скопскиот филмски фестивал одложен: Наместо во април, ќе се одржи во септември

Скопскиот филмски фестивал одложен: Наместо во април, ќе се одржи во септември

Дваесет и третото издание на „Скопје филм фестивал“ го промени својот термин и оваа година, наместо во април, ќе се одржи од 9 до 17 септември, 2020 година, соопштија од СФФ.

Исто така, се одложува и одржувањето на ревијата филмови „Скопје филм класик“ која требаше да започне на 18 март, 2020 година, а која Фестивалот ја организира во соработка со Кинотека. Ова одложување е во согласност со препораките од Миистерството за здравство и Владата за одложување на сите масовни настани и собири до 24 март како мерка против коронавиусот.

За датумите на одржувањето на ревијата „Скопје филм класик“ организаторот дополнително ќе информира.

Плакатот за ревијата „Скопје филм класик“ го изработи македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула.